Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ( генерација 2005) на 20 и 22. април во Скопје ќе одигра два контролни натпревари против репрезентацијата на Црна Гора.
За овие пријателски дуели, селекторот на Македонија, Тони Јакимовски, повика и играч од редовите на Кул. Се работи за Максим Бундалески, кој ќе има можност да дебитира во националниот дрес. Бундалески беше дел од зимскиот камп на истава репрезентација во Дојран, заедно со Митревски и Богданоски. Митревски беше повикан за контролните натпревари против Русија, додека сега Бундалески ќе има шанса да одигра натпревар за македонската репрезентација.
Собирот на репрезентативците е закажан за вечерва во Хотел Парк во Скопје.