Денес на стадионот „Цементарница“ нашата селекција генерација 2007 ја пречека екипата на ФК Вардар. Одличен меч одиграа тимот на ФК КУЛ предводен од Карчев и гостинот на оваа средба, динамичен дуел со многу борба, брзи акции и фудбалски мајстории.
Натпреварот заврши со резултатска симетрија, двата тима постигнаа по идентичен број на погодоци во противничките мрежи. Најважно од се е одличната игра на нашите момци кои прикажаа допадлив фудбал, наскоро целосна фотогалерија од оваа средба.