Денес на теренот на Цементарница, контролен натпревар одигра генерацијата 2007. Наш гостин беше екипата на Пелистер.
На еден ефикасен натпревар како победник на крајот излезе тимот од Битола. Одличен дуел и за двете екипи кои покажаа желба за надигрување. Тренерот на Кул, Никола Карчев им даде шанса за настап на сите играчи кои беа на располагање за денешниот дуел. Честитки до Пелистер за фер и коректната игра, се надеваме на вакви дуели и во иднина.
Погледнете неколку фотографии од овој натпревар, додека целосна галерија ќе биде достапна во наредниве денови.