Вчера на нашиот стадион „Цементарница“ со тимот на ФК КУЛ генерација 2010 бевме домаќини на пријателите од ФК Рудар Јуниор. Момците на Мики Тодоровски одиграа контролен-натпревар со гостинот од Пробиштип.
Двата тима покажаа одлична игра на теренот, доста борбена престава со сериозно залагање гледавме на оваа средба. Нашите момци рано поведоа и го добија првиот дел во своја корист, во вториот дел исто како и во првиот период мрежата на Крстевски Младен остана не „начната“. Го зголемивме резултатот и дојдовме до триумф, сепак на ваквите дуели во прв план е дружбата, надигрувањето и фудбалското напредување.
Честитки до гостинот на фер и корентниот натпревар и благодарност за гостувањето во Скопје. Од дуелот наскоро на нашиот сајт обемна фотогалерија.