Денес гостувавме во Куманово каде одигравме два пријателски натпревари со екипата на Куманово Еуроспорт. Активни бевме со генерациите 2010 и 2012 кои забележаа победи на дуелите со овој противник.
Избранциите на Мики Тодоровски иако имаа негатива од два гола, сепак до крајот на натпреварот стигнаа до убедлива победа. Сите играчи дадоа свој максимум на топлото време и имаа придонес во победата на генерацијата 2010.
Во продолжение можете да погледнете само мал дел од фотографиите од натпреварот на генерација 2010, додека галеријата ќе ја поставиме во наредниве денови на нашиот веб сајт.