Екипите кои во новата сезона ќе се натпреваруваат во најквалитетната Супер лига, во четврток (12.август) заминуваат за Струга, каде ќе одработат седум дневни подготовки.
Се работи за генерациите 2003, 2004, 2005 и 2006 кои во новата сезона ќе го претставуваат нашиот клуб во Супер лигата. Во Струга ќе се работи на физичката и тактичка подготовка на екипите, со цел максимално подготвени да влезат во лигата. Никола Карчев како тренер на пионерските екипи и Един Нурединоски кој ги предводи кадетите и младинците ќе работат со екипите по два пати дневно по одредена програма, а во стручниот тим ќе бидат и тренерот на голмани, Матеј Миленков и кондициониот тренер, Златко Петровски.
Во Струга ќе одиграме и неколку контролни натпревари со различни екипи, за сите следни активности ќе бидете известувани на нашиот веб сајт.