Со пораз помладите пионери ја стартуваа дебитантската сезона во Супер Лигата

Без победник на пријателскиот натревар на Кул и Парк, кај генерација 2008
10/23/2021
Пионерите со висок пораз ја стартуваа новата сезона во Супер Лигата
10/24/2021

Со пораз помладите пионери ја стартуваа дебитантската сезона во Супер Лигата

Помладите пионери на ФК КУЛ во своето деби коло во Супер лигата беа домаќини на ФК Работнички. Противникот на оваа средба дојде до победа со резултат  0-3 (0-1).

Никола Карчев денешниот натпревар го стартуваше со: Христијан Рајевски, Јован Михов, Александар Спасовски, Петар Трпевски (К), Матеј Стојановски, Илхан Имеров, Фисник Љамалари, Гаврил Петаноски, Стојанче Камчев, Нури Абдурамани и Борис Павлов.

Ние први се заканивме на оваа средба од Супер лигата за помлади пионери, со волеј над голот упати удар Камчев. Веднаш потоа уште една одлична шанса имаше Имеров чиј удар заврши крај гол конструкцијата на гостинот. Дојде казна за нашите промашувања, по еден кикс на одбраната противникот поведе со 0-1. Рајевски на нашиот гол успеа да сопре два одлични удари и не дозволи удвојување на негативата. Во финишот на првиот дел имавме две огромни прилики за израмнување, најпрвин Трпевски од слободен удар во 44.минута од 35.метра шутираше под гредата, голманот на противникот со крајни напори исфрли во корнер од под самата греда. Во последната, 45.минута Имеров Илхан шутна од 13-14 силно, но за жал топката завши во пречката. Со негатива од еден погодок заминавме на одмор.


Вториот дел започна како и првиот со наша иницијатива и поголем посед од црвено-белите противници. Две големи шанси имаше Љамалари Фисник, во првата шутна од 10.сетина метра, но голманот на Работнички успеа да скроти. Веднаш потоа неговиот удар мина крај левиот директ од голот.

Казната во фудбалот доаѓа секогаш после пропуштањето на 100% шанси, Работнички не казни два пати па поведе со резултат 0-3 некаде на средината на вториот период од овој дуел од 1.коло во сезоната 2021/2022 во лигата за помлади пионери. Ние и после овие погодоци напаѓавме со цел да постигнеме гол во мрежата на „романтичарите“, но не успеавме. Крајниот резултат гласеше 0:3.

Играа уште и Андреј Јованов, Петар Лазовски, Омар Беровиќ, Дамјан Спасовски и Газменд Љамалари.