Денес продолжија натпреварите на силниот меѓународенен турнир „Пирин Куп“ за нашиот клуб.
Во рамките на 2.коло во групата А, генерацијата 2011 беше поразена од екипата на ФК Септември од Софија, минимално со резултат 1:0. Во текот на утрешниот ден ќе го одиграме последното коло во групата, против екипата на Фенербахче, по што ќе биде познато дали ќе се пласираме во 1/4 финалето.
Првите натпревари на турнирот во Сандански ги одигра генерацијата 2012 предводена од Мики Тодоровски. Со победа го стартувавме турнирот, откако во рамките на 1.коло во групата А, со резултат 1:3 ја победивме екипата на ФА Пловдив. Давид Николов го отвори резултатот за 1:0, додека со голот на Ангел Симоновски зголемивме на 2:0. Противникот успеа да намали на 2:1, за „печат“ на победата со својот втор гол да стави Ангел Симоновски кој ги постави конечните 3:1. На вториот натпревар одигравме дерби со екипата на Дачија од Молдавија. Квалитетен натпревар со голема борба на теренот, на крајот конечниот резултат гласеше 1:1. Стрелец на единствениот гол за нас беше Ангел Симоновски. Утре, играме натпревар за прво место во групата против екипата на Дрита од Косово, која после два одиграни натпревари има освоено како нас 4 бодови.
Прв настап на турнирот во Сандански имаше и генерацијата 2014 која беше поразена од екипата на Спорт Вилаж со резултат 6:0. За оваа генерација утре на програмата се два натпревари за одигрување.