Поделба на бодовите за пионерите на Кул и Шкупи, минимален пораз за помладите пионери

Повозрасните петлиња со доминантна победа против Грозданоски
03/18/2023
“Пролетна офанзива” на кадетите, со нова победа избија на 2.позиција на табелата, падна и Шкупи
03/19/2023

Поделба на бодовите за пионерите на Кул и Шкупи, минимален пораз за помладите пионери

Двете пионерски екипи на ФК КУЛ , денес одиграа натпревари од Супер лигата. Ние гостувавме кај тимот на Шкупи на теренот во Бутел. На овие средби дојдовме до едно реми и еден минимален пораз.

Пионерите на Шкупи и Кул одиграа без победник.

КУЛ Диковски Даниел , Спасовски Александар,Трпевски Петар (K), Стојановски Матеј, Имеров Илхан, Наумовски Лука, Јовановски Никола, Спасовски Дамјан, Камчев Стојанче , Михов Јован и  Голубов Давид

Оваа средба заврши со почетниот резултат 0-0, во првиот дел ние имавме прилика да отвориме со гол преку Камчев Стојанче која не ја реализиравме. На нашиот гол две одлични одбрани имаше Диковски Даниел и ја зачува нашата мрежа „незатресена“.

Во вториот дел имавме дури три прилики, најпрвин за нас се закани нововлезениот Атанасовски Стефан. Потоа, како во првиот дел и во вториот период прилика имаше Камчев Стојанче, исто така и обидот на Јовановски не донесе погодок, па дуелот го завршивме со реми 0-0.

Помладите пионери беа совладани од домаќинот со  минимални 1-0 на денешната средба. Тимот на Шкупи го постигна единствениот гол во нашата мрежа во 33.минута од првиот дел и замина на одмор со 1-0, тој резултат се покажа подоцна како конечен.

КУЛ: Даниел Исајловски, Јане Цветков, Гаврил Петаноски, Никола Ангеловски, Фисник Љамалари (К), Бојан Митров, Газменд Љамалари, Марко Стефановски, Леон Ангелески, Спасе Здравевски и Димитрј Карчев.