Претстојниов викенд генерацијата 2009 ќе патува во Охрид и Прилеп, каде ќе одигра контролни натпревари против екипите на ФК Ла Масиа и ФК Прилеп Тони
Најпрво во сабота ќе бидеме гости во Охрид на екипата на Ла Масиа, додека во недела ќе заминеме за Прилеп, каде ќе одиграме исто така пријателски натревар против квалитетен противник, како што е ФК Прилеп Тони, тоа е победникот од 5.издание на меѓународниот турнир „Кул Кул 2019“ кај генерацијата 2009.
Изминатиов викенд оваа генерација на Кул го имаше и првиот контролен меч, кога на теренот на Локомотива ја победивме екипата на Скупи (4:0).
Сигурни сме дека не очекуваат добри мечеви и овој викенд, нешто што многу им недостасуваше на нашите екипи во изминатиов период.