Станковски со евро гол и Богданоски донесоа три бода за кадетите на Кул во дуелот со Лабуништа Тетово

ФК КУЛ генерација 2008 и 2009 одиграа пријателски средби со Милано
11/15/2020
Прва сезонска победа за младинците на Кул, нашите млади надежи до три бода дојдоа со резултатски пресврт
11/15/2020

Станковски со евро гол и Богданоски донесоа три бода за кадетите на Кул во дуелот со Лабуништа Тетово

Кадетите на ФК Кул стигнаа до третата последователна победа во рамките на втората кадетска лига. Денес нашите кадети гостуваа во с.Порој кај екипата на Лабуништа Тетово. Избраниците на Нурединоски до трите бодови дојдоа со голови во последните минути од натпреварот.

Тренерот Нурединоски стартуваше со следниве 11-сетмина: Ројчинов, Симоновски, Д.Ивановски, Митревски, Николов (К), Бундалески, Богданоски, Станковски, Ристески, Д.Ивановски, Цветановски

Видовме борбен натпревар, на кој и двете екипи покажаа желба за победа, сепак нашиот тим се покажа како поискусен. Првиот директен удар на дуелот го имаше Цветановски, кој биеше од прва после нафрлена топка од корнер на Бундалески. Никола Николов беше играчот кој ја имаше првата посериозна шанса за отварање на резултатот. После едно недоразбирање во противничката одбрана, на Николов му се укажа шанса за погодок, нашиот играч биеше но топката помина крај десниот голмански директ, па резултатот остана непроменет. До крајот на првото полувреме се играше на средината на теренот, не видовме некоја поголема шанса за погодок. Кај нас се закани Бундалески кој шутираше над голот, додека шанса имаше и Лабуништа, откако се создаде мешаница во нашиот шеснаесетник, сепак немаше промена на резултатот. На полувреме се замина со почетниот резултат 0:0.

Во вториот дел, нашите кадети имаа иницијатива, се обидувавме да постигнеме гол, но некако изостануваше завршната реализација. Од слободен удар се закани Симоновски кој шутираше покрај голот, додека домашниот тим исто така имаше прилика, но топката отиде над голот на Ројчинов. Томи Станковски исто така имаше две прилики, но се уште немаше погодок на овој натпревар. Кога сите помислија дека натпреварот ќе заврши со нерешен резултат, на сцена стапи Томи Станковски кој постигнна евро гол.

Нашиот играч успеа со директен удар од корнер да го совлада противничкиот голман и да донесе голема радост за нашиот тим. Навистина прекрасен гол на Станковски во 88 минута, иако голманот на тетовчани реагираше, сепак топката заврши во мрежата, за водство од 0:1. Се играше 90 минута од дуелот кога во листата на стрелци успева да се запише и Александар Богданоски кој од 20.метри со прецизен удар по земја го совлада чуварот на мрежата за водство од 0:2. Овој резултат на крајот се покажа и како конечен на натпреварот.

Во игра на овој дуел влегоа уште и Филип Стајковиќ и Бојан Јанкулоски. Ова е трет триумф во серија за кадетите, кои со максимални 9 бодови после ова коло ќе бидат на првото место на табелата.