(Фотогалерија) Генерациите 2008 и 2011 одиграа пријателски натпревари со екипата на Отоман

(Фотогалерија) Помладите ги победија повозрасните пионери на меѓусебен контролен дуел
09/14/2020
Нови пет контролни дуели за екипите на ФК Кул, во Скопје ќе пристигне тимот на Гостивар, кадетите патуваат за Куманово
09/15/2020

(Фотогалерија) Генерациите 2008 и 2011 одиграа пријателски натпревари со екипата на Отоман

Изминатиов викенд, нови пријателски натпревари одиграа генерациите 2008 и 2011 на ФК Кул. За противник ја имавме екипата на Отоман и двата дуели завршија со нерешен резултат.

Генерациите 2008 на Кул и Отоман одиграа со резултат 1:1 (0:0), додека генерацијата 2011 на Кул пред себе го имаше повозрасниот противник на Отоман, генерацијата 2010. На овој меч иако имавме негатива од три гола, на крајот натпреварот заврши со нерешен резултат 4:4 (1:2). Извештаите од двата дуели можете да ги прочитате на следниве линкови, ТУКА и ТУКА.

Погледнете ја фотогалеријата од двата натпревари.